понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 12
home Вести

Митева: Тоа што во македонското здравство оперира лажен доктор, е последица на тоа што истото го води неспособен министер

Митева: Тоа што во македонското здравство оперира лажен доктор, е последица на тоа што истото го води неспособен министер

Што уште треба да се случи за Филипче да си поднесе оставка?! Откако едни пациенти примаа инфузии во двор, додека други си заминуваат од болниците без органи, сега и лажни доктори прават операции, рече на денешната прес-конференција Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

-Наместо оставка откако лажен гинеколог без соодветна лиценца за работа, извршил кривично дело надрилекарство во болницата во Битола, Филипче продолжува да се слика по прес конференции ветувајќи вакцини кои никако да стигнат. Дали Филипче бил запознаен со овој случај чие дејствие се случило на први јануари 2021 година и дали вешто се обидувал да го премолчи? Операцијата која е извршена од лажниот гинеколог е доказ за разрушениот здравствен систем. Лажниот гинеколог од битолската болница, не само што влегол во операциона сала, туку извршил и операционен зафат, а при тоа никој не го спречил. Целиот систем на чело со Филипче затаил, а одговорност мора да има по вертикала до Филипче! На што сé се оставени нашите сограѓани во болниците и дали се безбедни?! Како да бидеме сигурни дека нашите сограѓани се во вистинските раце кога на дневна основа се соочуваме со постапки кои го загрозуваат животот на граѓаните, кога ниеден случај нема разрешница, а министерот не чувствува морална одговорност за ваквите скандалозни постапки? За да биде ситуацијата уште посериозна, медиумите информираат дека станува збор за поранешен заменик министер, а потоа и национален координатор за здравство во Владата на СДСМ. Дали ова е се што треба да знаеме за кадарот со кој располага СДСМ? Загрижувачки е нивото на безбедност во болниците. Нема протоколи, нема правила, нема безбедносни проверки, нема системи за идентификација. Со Филипче здравствениот систем е руина, истакна Митева.

Овој случај не смее да застане само кај одговорните доктори. Оставка мора да има веднаш и од директорката на болницата, но и од самиот Филипче. Тоа што во македонското здравство оперира лажен доктор е последица на тоа што истото го води неспособен министер, додаде таа.

ЕУРО 2020

Македонија