сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 127
home Вести

Митева: Шилегов има обврска да се извини и да ги побара назад парите кои ги дал на организацијата

Митева: Шилегов има обврска да се извини и да ги побара назад парите кои ги дал на организацијата

После настаните во првиот скопски извиднички одред можеме да заклучиме дека Шилегов или не знае што финансира или свесно ги финансира проектите со контроверзна содржина. Се согласувам со Шилегов дека сепак, децата се најважни! Но грижата сега е наша, а одговорноста негова! Средношколци, малолетни деца биле поттикнувани и присилувани да изведуваат активности, кои за нив биле непријатни, неприфатливи и за некои деца и шокантни, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

Посочи дека откако скандалот на злоупотреба и манипулација на децата се обелодени тогаш Шилегов веднаш недвосмислено се огради. Со тоа даде директно признание дека одговорноста е негова.

-Безобразно ја манипулираат јавноста и тврдат дека не знаат за вакво нешто и немаат никаква врска со настанот. Документите кои ги објавувме вчера го покажаа токму спротивното. Град Скопје знаел за проектот, го одобрил и финансирал. Ова се тие документите кои го докажуваат тоа. Шилегов треба да одговори кој ја контролира работата и кој ги одобрува програмите на вакви кампови? Бараме од Шилегов две работи, прво да ги побара парите кои ги доделил на организацијата, и второ но не помалку важно да се извини на јавноста, да се извини на загрижените родители и да се извини на учесниците. Дали Министерството за труд и социјална политика, или Министерството за образование и наука знаат што се случува? Свесни сме дека одговори од оваа влада нема никогаш да добиеме, но со сигурност можеме да констатираме дека ако знаеле ВИНОВНИ СЕ, ако не знаеле ВИНОВНИ СЕ! Почитувани граѓани, можеме да смениме. Промената е во наши раце. Да одбереме нова иднина различна од оваа која до сега ни се нуди, нагласи таа.

Коронавирус