понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 99
home Вести

Митева: Шилегов и Богдановиќ го уништуваат зеленилото во Скопје, зачувувањето на животната средина за нив е само збор кој се користи во предизборна кампања

Митева: Шилегов и Богдановиќ го уништуваат зеленилото во Скопје, зачувувањето на животната средина за нив е само збор кој се користи во предизборна кампања

Оваа тажна слика позади мене е улицата Орце Николов која Богдановиќ и Шилегов вчера ја уништија. А ветија дека нема да го сторат тоа. Пред точно еден месец градските власти, Шилегов и Богдановиќ заедно со Заев на прес конференција токму од оваа локација ветуваа реконструкција на улицата без притоа да ги информираат граѓаните дека планираат да го сечат дрворедот. Напротив, им ветија на граѓаните дека нема да го сторат тоа, посочува Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Изминативе три години неколку пати ја раскопуваа оваа улица за на крај да резултира со уништување на зеленилото. Можеби за 30 години повторно ќе ја видиме Орце Николов во светло каква што беше до вчера. Нивните говори се полни со приказни за зелено, урбано Скопје, но делата на Шилегов и Богдановиќ се доказ дека тоа е само уште една лага во низата. Ова е доказ дека владеете со злоупотреба на довербата, а граѓаните нема да ви го заборават ова самоволие. Животна средина не е само збор кој се користи во предизборна кампања, тоа е начин на делување кој за Шилегов и Богдановиќ е непознат. Револтот кој го создадовте ќе биде ваша слабост на изборите, истакна таа.

Митева им порача на градоначалниците на СДСМ дека најдоброто за нашите општини е што поскоро да заминат.

-А најлошото е вашиот печат. Излезната врата ќе ви биде покажана за неколку месеци од денес, посочи таа.

ЕУРО 2020

Македонија