сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 0
home Вести

Митева: Шилегов да одговори дали НОВА ГОДИНА чинела 300.000 евра?

Митева: Шилегов да одговори дали НОВА ГОДИНА чинела 300.000 евра?

Петре Шилегов повторно крие: колку пари потроши за организација на Нова Година, за која што прво се колнеше нема да чини ништо? Почитувани, според договорите и документите организацијата чинела не нула, не 80, туку речиси 300 илјади евра! И тоа директно од буџетот 200.000 евра, а наводно според спонзорства уште 100.000 евра, изјави на денешната прес конференција, Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа истакна дека Шилегов мора да одговори, што е точно, дека прославата чинела нула денари, или дека чинела 80 илјади евра, или сето чинела 300илјади евра? Тоа се пари од граѓаните, наши пари и Шилегов мора конечно да одговори: Што сокрива Шилегов во врска со оваа прослава, посочи Митева.

– Шилегов мора да одговори и зошто Комисијата за заштита на конкуренцијата посочува дека фирмата ДВД ПЕТ дека била фаворизирана, а таа е истата фирма со која што Петре Шилегов има договори преку Универзалната сала, којашто инаку не работи пет години, и преку МКЦ, двете ЈП под Шилегов? Зошто организацијата е дадена на ЈП коешто нема свое озвучување, кое бара потоа на незаконски начин партнер во организацијата, и за потоа речиси 90.000 евра да се дадат за изнајмување опрема, од кои поголем дел на фаворизираната ДВД ПЕТ? Дали преку изнајмувањето на опрема по нереални цени, всушност не се извадени пари од буџетот за да се плати и концертот кој што требаше да биде платен со спонзорства? Дали затоа е избрана МКЦ, а потоа незаконски и спротивно на договорот е баран партнер во организацијата, за да се сокрие патот на парите, прашува портпаролката.

Митева потенцира дека Шилегов молчи и не кажува дали е точно дека за оваа прослава дочек на Нова Година 2020 е предметот на ДКСК, дали тој веќе е изработен, дали се најдени недоследности, и дека за тоа случај ќе поведе и ЈО?

– Прослава на плоштад од 300 илјади евра е премногу, ако се има предвид колку Шилегов го остави запуштен градскиот плоштад, девастирано Скопје, пропаднат плочник во центарот на градот, без ниеден капитален проект за Скопје. Петре Шилегов и неговите договори ќе бидат предмет на ревизија по смената на градската власт, додаде таа.

Коронавирус