среда, 22. септември 2021. Вести денес: 0
home Вести

Митева: СДСМ го нуди најлошото за нашите општини

Митева: СДСМ го нуди најлошото за нашите општини

Истите градоначалници се избраните функционери со кои располага СДСМ. Овие имиња се доказ дека во СДСМ се применува кронизмот – тоа е практика на пристрасност при доделување работни места и други предности на доверливи соработници, особено во политиката и меѓу политичарите. Кронизмот е спротивно на меритократија, во која назначувањата се вршат исклучиво по квалификација. Политички, „кронизмот“ се користи за да имплицира купување и продавање на услуги.

Ова го истакна Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Уништени општини, нереализирани проекти и незадоволни граѓани е резултат кој го направија градоначалниците на СДСМ. Со именувањето на овие луѓе за втор мандат, СДСМ го покажа своето вистинско лице. Сите 35 имиња до сега се луѓе кои ги прати неработење и скандали. Перцепцијата за Шилегов е дека до сега е најнеуспешниот градоначалник на Град Скопје, Велимир Смилевски има 0% реализација од ветените десетина носечки проекти за Бутел, Ацо Велковски познатиот градоначалник на Лозово е познат по неколку работи мобинг, општинска лотарија која случајно заврши во рацете на неговата ќерка и по тоа што најверојатно отсуствувал од работа 185 дена. Константин Георгиевски добро познат како човекот во чиј мандат во Охрид се изградија дивоградби и истите не беа стопирани. Борче Георгиевски во Гази Баба не понуди ниедно решение за проблемите на граѓаните. Овие имиња и сите останати се уште показател дека Заев и СДСМ ќе ја бараат довербата од граѓаните со старите, истрошени и неподобни кадри. Не нудат ништо ново, вели таа.

Изборите се главниот инструмент преку кој гласачите можат да остварат влијание врз јавната политика.

– Кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја вратат довербата на граѓаните. Дијаметрално спротивни, посветено и чесно ќе ги водат општините во следниот четиригодишен мандат. Време е за промени, време е за напреден локален напредок и просперитет, порача Митева.

Коронавирус