сабота, 25. јуни 2022. Вести денес: 24
home Вести

Митева: Предвремени парламентарни избори, затоа што животниот стандард на граѓаните е нарушен, а власта нема решение

Митева: Предвремени парламентарни избори, затоа што животниот стандард на граѓаните е нарушен, а власта нема решение

Она за што треба да разговараме и што ги интересира граѓаните е сиромаштијата и кризите кои што вие ги предизвикавте, му порача Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на Стефан Богоев потпретседател на СДСМ, во вечерашното гостување во емисијата Анализа на телевизија 24.

Митева посочи дека потребно е одржување на предвремени парламентарни избори на кои граѓаните ќе одлучат дали ќе одберат иднина која што ја нуди ВМРО-ДПМНЕ, или продолжување на политиките на СДСМ, укажувајќи дека владата не може да зборува за добри и лоши закони имајќи во предвид дека изминатите 7 месеци само 33 закони има сработено и предложено до Собранието, додека пак ги кочи законските решенија поднесени од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ нема 100 дена влада, има пет години континуитет на криминал, корупција, тендери во четири очи, двоцифрена инфлација, највисока историски 10.2 е 2008 година, 10.5 е оваа година, имаме зголемување за 20 проценти на маслото, имаме зголемување на 10 процените на цените на прехранбените производи, рече Митева и додаде:

За каква парламентарни демократија зборуваме, за какви добри закони, и за какви демократи во Собранието каде што само да потенцирам 21 седница, утре ќе биде 71 седница, ВМРО-ДПМНЕ предлага закон за заштита на населението од заразни болести, 42 седница, закон за основно образование каде што немаше да се случи ништо, каде што немаше да се случи штрајкот на просветните работници доколку овој закон се донесеше. 45 седница за кон за служба во Армијата, нели имаме проблем со безбедноста, зошто не се заштитат луѓето кои што работат во Армијата, зошто не се донесе овој закон, за кој што велите дека сега е блокиран од ВМРО-ДПМНЕ. 65 седница закон за тутун, производи од тутун и сродни производи, во период од 5 ноември 2021 година до 6 мај 2022 година владата за овие шест месеци има поднесено 38 закони, од кои само 5 се ратификации. Што значи дека 33 закони има владата сработено и предложено до собранието за овие 7 месеци. Е поради оваа неспособност, поради оваа економска криза, енергетска криза, поради овој нарушен животен стандард, ајде на избори и граѓаните нека одлучат дали политиките на ВМРО-ДПМНЕ се оние кои што треба да донесат иднина во државата, или ќе одлучат дали политиките на СДСМ се оние кои што треба да останат.

На прашањето дали ќе потрае блокадата Митева нагласи дека истата ќе трае се до одржување на предвремени парламентарни избори, укажувајќи дека СДСМ цени дека државата треба да ја води како сопствена фирма и врз основа на монолог.

Блокадите во собранието ќе продолжат се до одржување на предвремени парламентарни избори од причина што СДСМ цени дека државата треба да ја води како своја сопствена фирма и врз основа на монолог ќе врши и ќе носи решенија, при понуден дијалог од наша страна, изјави таа.

Митева му порача на Богоев дека владата не можат да ги реши кризите, бидејќи токму владата ги предизвикува, нагласувајќи дека потребно е одржување на избори на кои граѓаните ќе одлучат.

Ајде да ги намалиме кризите кои што ги предизвикувате, зошто не можете и да предизвикувате и да бидете решение за кризите, тоа е невозможно. Ајде да излеземе на избори и граѓаните да одлучат, му порача Митева на Богоев.

Коронавирус