сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 77
home Вести

Митева: Предложениот концепт за реформи во образованието треба веднаш да се повлече

Митева: Предложениот концепт за реформи во образованието треба веднаш да се повлече

Додека релевантни институции и еминентни професори потенцираат за бројни недостатоци, министерката Царовска чека писмени забелешки на емаил адреса, рече Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

Упорна во своите намери и без слух за проблемите кои ќе настанат, се обидува да го игнорира мнозинството.

Ставот е едногласен, да за реформи во основното образование, но НЕ за вакви квази концепции. Предложениот концепт треба веднаш да се повлече и да се пристапи кон креирање на нов. Потребно е да се напушти концептот на интегрирање на предмети особено историја и географија. Недостасува истражувачки период, стручни мислења и јавна дебата за учеството на стручната, но и на пошироката јавност.

Прашањето е дали имате желба вистински да ги подобрите состојбите во образованието? После неуспешни платформи, сега и неуспешни концепции?

Потенцираме, ВМРО-ДПМНЕ бара градење на национален став на темата “Реформи во образованието”.

Охрабрете се и формирајте работна група од сите релевантни чинители во образовниот систем, вклучувајќи ги и стручните тела на политичките партии.

Треба да се обезбедат голем број на услови пред започнување на реформата.

А дотогаш, образованието е уште еден во низата ваши неуспешни обиди!, рече Митева.

Коронавирус