петок, 18. јуни 2021. Вести денес: 62
home Вести

Митева: И после два дена улиците и тротоарите се неисчистени, сите градоначалници на Скопје се пример за неспособност

Митева: И после два дена улиците и тротоарите се неисчистени, сите градоначалници на Скопје се пример за неспособност

Денеска сме на друга локација, но ситуацијата е иста. Слики од механизацијата на градот и општините можеме да најдеме на нивните социјални мрежи, истите се добро спакувани за собирање лајкови со цел да ја скријат жалната реалност, но и после 2 дена надлежните никаде ги нема. По се изгледа дека механизацијата се вади само за сликање, изјави денеска за медиумите, Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа рече дека сите градоначалници на Скопје се еклатантен пример што значи зборот неспособност.

– Ниту еден тротоар не е исчистен, кој како ќе се снајде така оди. Среќа луѓето едни на други си помагаат, се придржуваат. А споредните улици се претворени во вистинско лизгалиште. Ова ли се тие општини со европски знаменце? Ова ли е тоа безбедно Скопје за сите? Чија е должноста за чистење на тротоарите и споредните улици? Чија е одговорноста за преземање мерки за безбедно одвивање на сообраќајот на териториите на општините?
Или должноста е моја и на останатите граѓани, прашува Митева.

– Почитувани градоначалници, срамно е да се кажува дека се е под контрола, а сите да гледаме друга реалност. И уште едно потсетување, во Законот за локална самоуправа под надлежност се подразбира збир на работи од јавен интерес од локално значење за чие извршување општината е одговорна, додаде таа.

ЕУРО 2020

Македонија