четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 52
home Вести

Митева: Ги демантирам обвинувањата дека ВМРО-ДПМНЕ дала поддршка за да се легализираат бесправно изградени објекти во заштитените подрачја

Митева: Ги демантирам обвинувањата дека ВМРО-ДПМНЕ дала поддршка за да се легализираат бесправно изградени објекти во заштитените подрачја

Станува збор за предлог законско решение коешто доаѓа од владејачкото мнозинство односно од СДСМ и не доаѓа на предлог од ВМРО-ДПМНЕ. Оние тези коишто се лиферуваат во јавноста дека станува збор за амнестија за господинот Стевчо Јакимовски за зграда изградена во Хром, можеме ние тоа да го погледнеме од друг агол и да се запрашаме дали ова станува збор за амнестија за Зоран Заев за случајот за којшто е осомничен за „Цареви кули“, каде што има изградено хотел. И трето дали они постапки коишто ги имале градоначалниците од редовите на СДСМ наместо да ги процесираат ги држеле во фиока, а знаеме дека тоа сега би повлекло и кривична одговорност за непостапување, вели Марија Митева портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата Утро со Златев на Радио Лидер.

Митева, ги демантира обвинувањата дека ВМРО-ДПМНЕ дала поддршка за легализација на бесправно изградени објекти во заштитни подрачја.

Она што беше особено важно и за што ВМРО-ДПМНЕ беше обвинето дека станува збор за предлог законско решение со кое што сме дале поддршка да се легализираат и бесправно изградени објекти во заштитени подрачје што го демантирам, бидејќи во законот јасно е наведено за таквите објекти надлежно и одговорно треба да даде мислење институцијата која што е надлежна за тоа подрачје, дали станува збор за министерството, дали за градоначалникот и слично, истакна таа.

Ако праксата на функционерите од СДСМ е да го заобиколуваат законот и да даваат мислење согласно сопствените интереси, тогаш треба да се запрашаме кога и како да го промениме тоа, рече Митева.

ЕУРО 2020

Македонија