недела, 22. мај 2022. Вести денес: 4
home Вести

Митева: Дали владата ќе преговара за историјата со Бугарија далеку од очите на јавноста?

Митева: Дали владата ќе преговара за историјата со Бугарија далеку од очите на јавноста?

Во 2020 и 2021 година континуирано зборувавме дека на овој договор ќе му следи Анекс или нов договор, каде јас ги гледам првите знаци дека тоа ќе се случи е изјавата на Маричиќ во кој вели за комисијата за историја ќе се разговара во која форма и содржина истата ќе продолжи. А за да се случи истото согласно Договорот за добрососедство мора да се направи промена, анекс или нов договор, вели Марија Митева портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина насловена „Заштита на националните и државни интереси, наместо пазар дипломатија“.

Митева потенцираше дека во вторник се очекува првата меѓувладина конференција помеѓу Македонија и Бугарија прашувајќи дали може се очекува да се разговара за историските прашања далеку од очите на јавноста со оглед на фактот дека како еден од членовите на делегацијата е токму предводникот на македонската комисија за историја.

Во вторник очекуваме прва меѓувладина конференција меѓу Македонија и Бугарија и не ме изненадува фактот дека како член на делегацијата ќе биде и предводникот на македонската комисија за историја, додека фокусот во јавност континуирано сега се става на оние четири точки за кои што ќе се разговара образованието, инфраструктурата, културата и економијата, рече таа.

Па сосема јасно се поставува тука прашањето дали зад овие четири теми ќе се разговара и за историјата, без притоа истото да биде пред очите на јавноста, и дали главниот проблем поради кој што постои проблемот помеѓу Македонија и Бугарија е историјата, сега веќе се трга на старана и се претставува некоја нова стратегија која што ќе ја води Бугарија, а Македонија само ја следи, па на тие работни групи кои што треба да се состануваат еднаш месечно, дали и комисијата за историја ќе ја следи динамиката на овие четири групи, праша Митева.

Коронавирус