сабота, 20. јули 2019. Вести денес: 56
home Вести

Митески: НУЛА денари за заштита на животна средина и 2.500.000 денари за вработувања на партиски активисти- ете вака работат Марин и СДСМ

Митески: НУЛА денари за заштита на животна средина и 2.500.000 денари за вработувања на партиски активисти- ете вака работат Марин и СДСМ

Златко Марин безобразно ги лаже аеродромци. Предизборните ветувања останаа да сведочат за неспособноста, лагите и манипулациите на градоначалникот на општина Аеродром. На последната седница на Советот на општина Аеродром од страна на градоначалникот беше предложен квартален извештај за реализација на буџетот на општината, за вториот квартал од 2018 година. Бројките во извештајот се катастрофални, истакна Дејан Митески, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Аеродром.

-Имено, од вкупно 233.847.000 денари, за капитални инвестиции се реализирани само 32.120.000 денари, или помалку од 14%, што претставува катастрофална реализација и историски најлоша реализација на капитални инвестиции во општина Аеродром. Гледајќи ги бројките, воопшто не е за чудење зошто општина Аеродром буквално СЕ РАСПАЃА. Уште позагрижувачки се бројките за реализација на делот од буџетот од програмата за ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И ПРИРОДА. Иако Марин од петни жили се трудеше да ги излаже аеродромци дека прв приоритет ќе му биде заштитата на животната средина, оваа година за таа намена има потрошено, верувале или не, 0 денари. Повторувам, НУЛА денари за заштита на животната средина, рече Митески и додаде:

„Од вкупно 19.700.000 денари колку се предвидени во буџетот на Аеродром, најнеспособниот градоначалник на Аеродром не потрошил ниту еден денар. Е тоа се вика домаќинско работење. Со вакви бројки, загадувањето може само да расте, општината да се уништува, а условите за живот никако не се подобруваат. Но не е се така црно. Иако има НУЛА денари реализација за заштита на животната средина, советничката група на СДСМ на последната седница на совет, на предлог на градоначалникот Марин усвои изменување на годишниот план за вработување во општина Аеродром и предвивува 19 нови вработувања, за што ќе потроши околу 2.500.000 денари. Случајно или не, и овие вработувања се поклопуваат со најавените 6000 вработувања пред референдумот на 30 септември. Споредено, НУЛА денари за заштита на животна средина и 2.500.000 денари за вработувања на партиски активисти. Ете вака работи СДСМ, на дело и со бројки“.

Според Митески, Златко Марин секојдневно докажува дека е убедливо најнеспособниот градоначалник на Аеродром.