сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 66
home Вести

Митески: Марин потроши 1.5 милиони денари за обележување на ископани улици, а имаме површини кои претставуваат извор на зараза

Митески: Марин потроши 1.5 милиони денари за обележување на ископани улици, а имаме површини кои претставуваат извор на зараза

Златко Марин потроши 1.5 милиони денари за поставување на сообраќајна сигнализација и бележење на ископани улици во населба Лисиче. Но, со тоа не само што не го реши сообраќајниот метеж, туку напротив создаде уште поголем хаос низ улиците во населба Лисиче, рече на денешната прес-конференција Дејан Митески од ВМРО-ДПМНЕ.

-Што можеше да направи со тие 1.5 милиони денари. Ова зад мене е поранешното игралиште “Пирин” во населба Лисиче. Со еден ипол милион денари можеше комплетно холтикултурно да го уреди и да го огради. Од причина што истото претставува извор на зараза и опасност за најмладите. Ова игралиште се наоѓа во непосредна близина на амбуланта и детска градинка. Место, каде што секојдневно поминуваат многу жители од населба Лисиче, истакна Митески.

Лисиче заслужува еден убаво уреден спортски простор, додаде тој.

Коронавирус