вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 98
home Вести

Митески: Дали со новиот Закон за јавни набавки се планираат нови тендери за Заеви и Анѓушев?

Митески: Дали со новиот Закон за јавни набавки се планираат нови тендери за Заеви и Анѓушев?

Власта влегува во нов обид за изборна корупција. Вчера, последен ден пред почетокот на кампањата владата побарала од сите органи кои извршуваат јавни набавки да донесат нови годишни планови со нови финансиски прагови, согласно измените во Законот за јавни набавки, операција која треба да ја изведат во ек на кампања, изјави на прес конференција Дејан Митески, Претседател на ОК Аеродром на ВМРО-ДПМНЕ.

Митески презентираше циркуларен е – маил кој бил пратен до сите буџетски корисници, кои работат со јавни набавки, а според него од истиот се гледа дека власта бара од раководителите на овие институции да влезат во криминал, за сметка на креирање ситуација за изборна корупција и поткуп.

-Измените во Законот за јавни набавки се донесени скоро пред месец дена и власта имаше доволно време да го направи потребното за институциите да бидат спремни да го извршуваат новиот закон, кој стапува на сила од 1 април. Зошто се чекаше последниот рок, потенцираше Митески.

Митески запраша дали со новиот закон се планираат нови тендери за Заеви и Анѓушев, дали со истиот се спремаат тендери за фирми финансиери на власта?

-ВМРО-ДПМНЕ ја повикува Државната комисија за спречување на корупција да постапи согласно чл.33 од Законот за спречување на корупција и да ја испита оваа можна злоупотреба на буџетски средства. Исто така го повикува и дипломатскиот кор во земјава и сите меѓународни организации да апелираат на почитување на законите од страна на власта со цел гарантирање на фер избори. Нема да дозволиме власта со парите на граѓаните да отвора простор за можен изборен поткуп, подвлече Дејан Митески од ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус