четврток, 13. мај 2021. Вести денес: 123
home Вести

Митески: 300 евра корпа за ѓубре! Срамота….

Митески: 300 евра корпа за ѓубре! Срамота….

Златна корпа за Златко!

И тоа не било каква, туку од 300 евра, набавена на тендер.

Да, 300 евра една корпа за отпадоци, ете толку ќе не чини луксузот на Марин сите нас кои плаќаме даноци.

Аеродром има сериозен проблем со одржување на хигиената во изминативе три ипол години. Со доаѓањето на Марин како градоначалник прекина редовното одржување на хигиената. Не дека не се трошат пари, напротив, одржувањето на хигиената во Аеродром чини многу повеќе отколку претходно, но ефект никаков. За пусти пари, па и ѓубре нека има.

Последниот во низата на скандали е набавката на корпи за отпадоци, по цена од фантастични 16.000 денари, плус ДДВ, од компанија која е чест добитник на тендери во општина Аеродром. Како за споредба, корпите за отпадоци пред четири години се набавувале по цена од само 900 денари, што е 20 пати пониска од сега. Криминал до гуша!

Истата компанија набавува аудио опрема и лед осветлување, гради паркови за миленичиња, изнајмува опрема за настани и хепенинзи (во време на пандемија), поставува клупи, корпи за отпадоци, заштитни столбчиња, реконструира детски игралишта, едноставно ги бива за се.

За две години ЛАПЛАСТ – М Скопје од општина Аеродром има добиено тендери во вредност поголема од пола милион евра. Каков е интересот на Златко Марин токму оваа компанија да биде извршител на сите овие работи останува непознато, но може да претпоставиме.

Дали Златко пред заминување се обидува да зграби што е можно повеќе е одговор што ќе го добиеме после локални избори.

Но, што со хигиената?

Потребно е комплетно менување на системот за одржување на хигиена во Аеродром. Како општина трошиме огромни финансиски средства, но истите не се насочени правилно. Редовното одржување на хигиената во Аеродром е неопходна. Сликите од преполни контејнери, ѓубре по парковите, улиците, паркинзите мора да бидат минато. Златко Марин пред избори ветуваше европска хигиена, ама го видовме токму спротивното. Толкава неспособност за организација и искористување на капацитетите немам видено. Милиони евра се потрошени во овој четиригодишен мандат за хигиена.

Организација на систем за одржување на хигиената по урбани заедници, каде граѓаните ќе бидат партнер на општината во одржување на хигиената, со редовно алармирање за состојбите на терен, правилно искористување на комуналната служба на општината, што ги вклучува и комуналните редари, селекција на отпад со бенефит за граѓаните, но и соодветна инфраструктура за истото да функционира, комплетна реорганизација на ангажираните работници и многу други идеи кои чинат 0, а придонесуваат многу во одржување на хигиената.

Мандатот на Златко Марин завршува, Аеродром ќе има можност да одбере нов градоначалник, кој ќе мора да стои на зборот и да го реализира тоа што го ветил.

Фејсбук статус на Дејан Митески

Коронавирус