сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 83
home Вести

Мистериозен случај на Ковид-19 во затворот во Идризово меѓу затвореници кои не излегувале на викенди

Мистериозен случај на Ковид-19 во затворот во Идризово меѓу затвореници кои не излегувале на викенди

Откриен е случај на заболен затвореник од корона во затворот Идризово кога затвореникот бил на лекарски преглед на скопските клиники за друга здравствена состојба.

Затворската управа се чуди како заболел затвореникот бидејќи ниту тој ниту уште 32-ца осуденици од одделението амбуланта во Идризово не биле на викенди.

Заболениот немал симптоми и пред десетина дена имал посета согласно протоколите, а сега управата на Идризово истражува како заболел. 29-мина осуденици сега се во изолација во одделението и не се пуштаат на предвидените прошетки. Во телефонски повик се пожалија дека добиваат јадење, но немаат лекарска помош од стручни доктори ниту имаат можност да излезат од одделението. Тврдат дека некои имаат и температура и симптоми.

Затворениците се жалат затоа што се заклучени, а тројца цимери на заболениот се префрлени во соодветна и за самоизолација подготвена просторија во Идризово.

Досега ова е трет случај на заболен затвореник од корона во најголемиот македонски затвор.

Коронавирус