вторник, 7. декември 2021. Вести денес: 150
home Вести

Мисијата на ОДИХР ќе ја соопшти прелиминарната оценка за локалните избори

Мисијата на ОДИХР ќе ја соопшти прелиминарната оценка за локалните избори

Мисијата на ОДИХР денеска ќе ја соопшти прелиминарната оценка од набљудувањето на локалните избори во Северна Македонија.

Тана де Зулуета, шефица на Набљудувчката мисија за изборите на ОДИХР и Штефан Краусе, заменик шеф на мисијата во 15 часот на прес-конференција ќе ги презентираат своите наоди.

Во Северна Македонија вчера се одржа првиот круг од седмите локални избори на кои се бираат градоначалници и советници во 80 општини и Градот Скопје. На 3 480 избирачки места, граѓаните можеа да го дадат својот глас за вкупно 10 831 кандидати од кои 299 за градоначалници, а останатите за советници, на 91 листа поднесена од група избирачи односно независни, и 31 листа од политички партии и коалиции. Право на глас имаа 1 824 864 граѓани.

За Локалните избори 2021 што се одржуваа вчера акредитирани беа вкупно 1045 домашни и странски набљудувачи и преведувачи. Мисијата за проценка на изборите на ОБСЕ/ОДИХР имаше акредитирано 217 набљудувачи. Шефицата на Мисијата Де Зулуета вчера во изјава за новинарите рече дека Мисијата ќе остане и за вториот круг од изборите, ако за тоа има потреба.

Најнови вести

Коронавирус