четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 183
home Вести

Мисајловски: Здравјето пред се!

Мисајловски: Здравјето пред се!

Нема потреба од политичко калкулирање или пак размислувања за некоја нова алтернативна политичка кампања. Во овој миг воопшто не е важно дали некој ќе стане пратеник, директор или функционер. Избори ниту може ниту треба сега да се одржуваат, сега е само важно да бидат здрави луѓето и да си ја зачуваме нацијата и државата, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.

-Веднаш да направиме целосни кризни мерки и да го издржиме овој период сите заедно по домовите, но и да ги понудиме сите наши капацитети на сите останати кои помагаат за да ја заштитат нацијата од овој вирус.

Сега е време за државнички одлуки, а не за политиканство. Никој од нас политичарите не е поважен од било кој друг граѓанин и тоа на секој треба да му е јасно.

Изборите и кампањата пак ќе си дојдат, а сегашнава власт пак ќе си остане најкорумпирана, нечесна и најлошата што сме ја имале, но баш затоа кога и да има избори ВМРО – ДПМНЕ ЌЕ ПОБЕДИ!

Најголем број од граѓаните ниту размислуваат дека ќе излезат да гласаат, ниту пак треба да ги ставаме под ризик сите луѓе што ќе водат кампањи, ќе бидат дел од избирачки одбори и на крајот од денот целиот народ што ќе треба да дојде да гласа во избирачките места!!

Можеби некој нема да се сложи со ова мое мислење, но подобро утре живи и здрави да се видиме, отколку да тагуваме и да си кажеме дека можело да се направи повеќе во овој период.
Здравјето пред се !!!
Да Живее Македонија !!!, пишува Мисајловски на Фејсбук.

Локални избори 2021