петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 155
Во живо

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Лозово

home Вести

Мисајловски: Заев врши поткуп и кривично дело, на четири дена пред избори гласа финансиска помош за 159 фирми, ДКСК да отвори постапка – За ова се одговара!

Мисајловски: Заев врши поткуп и кривично дело, на четири дена пред избори гласа финансиска помош за 159 фирми, ДКСК да отвори постапка – За ова се одговара!

Во моментот Зоран Заев одржува седница на влада, за одобрување средства за поткуп на фирми. Заев спротивно на Изборниот законик денес на дневен ред на владата ставил точка за гласање без расправа – Доделување на финансиска поддршка на 159 компании, на само 4 дена пред одржување на локалните избори, изјави денеска на прес конференцијата за медиуми, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

Тој рече дека ова е Предлог дневен ред за одржување на денешната владина седница, од истиот се гледа дека се прави флагрантно кршење на Изборниот законик и институционален поткуп за што следи одговорност.

– Зоран Заев и сите членови на владата денес треба да знаат дека со гласањето на оваа точка на владата прават кривично дело за кое што ќе одговараат.Со ова се крши член 8а од Изборниот законик, чиј што ст. 1 и 2 најстрого забрануваат исплаќање на буџетски средства во тек на кампања.Чл. 8-а ст.1 т.3 вели: „Не може да се вршат исплаќања на плати, пензии, социјална помош или други исплати и материјални надоместоци од буџетски средства или од средства на јавните фондови кои не се редовни месечни исплати односно сите едногодишни трансфери и исплати или еднократни трансфери од буџетски средства или од средства на јавни фондови ниту да се отуѓува државен капитал ниту да се потпишуваат колективни договори.“ Истиот член ст.2 т.1 забранува да се исплаќаат субвенции кои не се редовни месечни исплати во периодот од 20 дена пред отпочнување на изборна кампања па до завршување на изборот, појасни Мисајловски.

Потрпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ ја повикува ДКСК да реагира и да отвори постапка и институциите да реагираат.

– Ова е очајнички обид на Заев и СДСМ преку поткуп да извршат влијание на волјата на избирачите. Ако СДСМ е сигурен во победата исплатата може да ја направи една недела по изборите. Доколку пак им мислеа добро на фирмите тоа ќе го направеа многу порано пред изборите. Многу е важно да знаат и граѓани и фирмите дека финансиска помош на компаниите и поединците ќе продолжи со ВМРО-ДПМНЕ, но тоа нема да се прави на 4 дена пред гласање туку континуирано. Владата е слуга на народот, и не смее државните средства да се злоупотребуваат за изборни цели. За ова грубо кршење на законите и поткуп од невидени размери ќе бидат известени сите меѓународни организации кои го следат изборниот процес и странски претставници во земјава, а истовремено и ќе поднесеме соодветни пријави до институциите, посочи Мисајловски.

Тој додаде дека ништо не го спасува Заев од пораз.

Коронавирус