петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Мисајловски: Заедно ќе победиме бидејќи нашата цел е Македонија

Мисајловски: Заедно ќе победиме бидејќи нашата цел е Македонија

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски присуствуваше на отварање на промотивен штаб на партијата во скопската населба Ѓорче Петров. По тој повод Мисајловски преку својот Фејсбук профил порача „Заедно ќе победиме бидејќи нашата цел е Македонија“.

Отварање на промотивен штаб на ВМРО – ДПМНЕ во Ѓорче Петров. Одлична енергија и многу мотив за нови победи. Чесни и достоинствени луѓе кои си ја сакаат својата држава, сакаат да биде успешна и просперитетна, истата да се гради и развива, а не како сега со распродажба и криминал да се уништува се што е стекнато. Заедно ќе победиме бидејќи нашата цел е Македонија, напиша потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус