понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Мисајловски: Вреди да се бориме за овој народ и држава

Мисајловски: Вреди да се бориме за овој народ и држава

Прекрасно беше чувството денеска да се биде во СЦ Јане Сандански. Многу народ, силна енергија, еуфорија.
Поминавме низ многу тешко време сите заедно. Многу неправди, луѓе по затвори, удар врз честа и достоинството, распродажба на светите работи.

Тешко беше да бидеш патриот и дел од ВМРО изминативе три години.

Ама за овој народ и оваа држава вреди човек да се бори, колку и да е тешко, колку некогаш и да изгледа безнадежно.
Ние сме само дел од безвременската константа наречена борба за Македонија. И ќе се бориме.
Ќе се бориме до последен здив, за да се оствари крајната цел, а тоа е нашата Македонија.
Ќе се бориме против криминалот и корупцијата.
Против сиромаштијата и безнадежноста.
Ќе се бориме за подобар живот. Повисоки плати, пензии, подобро здравство, земјоделие, енергетика, инфраструктура.
За почист воздух.
За достоинствена, горда и чесна држава.
Држава со идентитет и право на лични карактеристики.

Ќе се бориме за Македонија. Напиша на Фејсбук, подпредседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

Коронавирус