петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 112
home Вести

Мисајловски во Шуто Оризари: Младите се иселуваат со забрзан тек, а стандардот кој стагнира само им ги напластува проблемите на граѓаните- но заедно ќе ја обновиме Македонија

Мисајловски во Шуто Оризари: Младите се иселуваат со забрзан тек, а стандардот кој стагнира само им ги напластува проблемите на граѓаните- но заедно ќе ја обновиме Македонија

Имав убава можност денеска да бидам со граѓаните во скопската општина Шуто Оризари. Нашите сограѓани Роми се конститутивен елемент на Република Македонија и нивната традиција и култура е нераскинлив дел од македонската секојдневност, напиша потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.

-Младите се иселуваат со забрзан тек, куќите остануваат на пензионерите и родителите, а стандардот кој стагнира само им ги напластува проблемите.
Но не се откажуваат.
Енергијата и желбата за подобар живот е поприсутна и посилна од се.
Заедно ќе успееме.
Заедно ќе победиме.
Заедно ќе ја обновиме Република Македонија.
Заедно, бидејќи како народ кога сме ставени на тест пред искушенијата тогаш стануваме посилни и посплотени.
Секој од нас си го носи во себе вечното право за борба на својата татковина, за својата Република Македонија, додава Мисајловски.

Коронавирус