петок, 14. август 2020. Вести денес: 3
home Вести

Мисајловски: Во Кучевишка Бара и Бел Камен ќе изградиме целосна подземна инфраструктура и нов асфалт

Мисајловски: Во Кучевишка Бара и Бел Камен ќе изградиме целосна подземна инфраструктура и нов асфалт

Утринава се одржа еден убав хепенинг со граѓаните на општина Бутел. Поразговаравме за изминатите денови во изборната кампања, разменивме искуства и дискутиравме за очекувањата од изборниот ден. Заклучивме дека Бутел е спремен за најголемата победа на ВМРО-ДПМНЕ која ќе се случи на 15-ти јули.

Бутелчани јасно порачаа дека сакаат промени и обнова на Македонија, и таа ќе се случи многу наскоро. Уште малку остана до крајот на СДСМ и Зоран Заев.

На 15-ти јули Бутел и бутелчани одбираат #ОбноваНаМакедонија! 🇲🇰

#Заокружи14 #ИсправиСеМакедонијо

Коронавирус