вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Мисајловски во интервју за КУРИР: Kога ќе треба нешто да се сработи, СДСМ е најлошата влада во историјата

Мисајловски во интервју за КУРИР: Kога ќе треба нешто да се сработи, СДСМ е најлошата влада во историјата

Процесот околу вакцинацијата е голема актуелна тема во моментов, јас би се надоврзал на една актуелна изјава која вчера вториот човек во владата, вицепремиерката  кажува дека тие можеле многу побрзо да ги набават вакцините, но чекале да видат како ќе одело вакцинирањето во другите земји, а ова е поигрување со интелигенцијата на народот. Ова го говорам, бидејќи тие имаа многу време да ги направат сите припреми, да ги сменат законските решенија и да набават вакцини, но гледаме дека ние сме последни на листата на чекање, ова во интервју за КУРИР го истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски и пратеник во собранието на Македонија.

-Вака да кажам понародно, треба некој ова да го сработи, а кога СДСМ треба нешто да сработи како производ, секогаш они паѓаат во кал или нема производ, а она кога има потреба пред избори да се пофалат или да направат пи-ар и да излезат неколку пати на телевизија и да говорат како ситуацијата во Македонија е розова за тоа се експерти, но пак ќе кажам кога ќе треба нешто да се сработи СДСМ е најлошата влада во историјата. Односно и оваа власт е најлоша и во првите 100 дена, ние сме свесни дека има пандемија и дека има голема побарувачка на вакцините и многу граѓани одвај чекаат да се вакцинираат, но гледаме дека освен некои пријателски земји кои сакаат да ни помогнат државата не е спремна, зборувам дека еден сегмент е законските решенија кои едвај поминаа во собранието, а да не заборавиме дека имавме вонредна ситуација, дека носеа уредби на влада со сила на закон за да се спроведат изборите и така натаму… јас нема само да ги обвинувам, туку еве ќе им дадам совет да почнат да работат, вели Мисајловски.

Тој  во интервјуто за КУРИР на прашањето околу пописот вели дека иако во собранието се дискутирало неколку пати околу ова, а законот поминал со европско знаменце проблемот е што не се предвидени сите европски вредности и методологија на спроведување на пописот.

-Уште полошо е што народот гледа како политичари споменуваат проценти, ќе имало волку, ќе имало толку проценти и одма оваа цела операција добива политички момент. Дали граѓаните веруваат во власта и институциите да го спроведат ова да биде регуларно и транспарентно, не веруваат. Друг проблем е што освен резидентното ќе се попишува и нерезидентното иако тоа треба, но начинот кои се прави во оваа методологија е погрешен. Она што е поголем проблем е врзаниот попис на директорот и заменик директорот или вака кажано ако на заменикот директор не му се допаднат бројките тој нема да стави потпис, така да целата операција добива политички мотиви, вели Мисајловски.

Вели дека како ВМРО-ДПМНЕ ќе се обидат да соберат потписи за оспорување на овој закон.

На прашањето поврзано со анексот од 12 точки кои Бугарија и го дала на македонската власт вели дека ова прашање пополека како власта да сака да го сокрие од јавноста.

-Ние неколку пати јавно ги повикуваме да го кажат кој е тој анекс, дали се загрозува идентитетот, историјата, јазикот и културата, но гледаме дека се сé случува зад едни завеси далеку од јавноста, вели Мисајловски.

Тој во интервјуто за КУРИР зборуваше и за влезот на Македонија во ЕУ, за новиот образовен концепт во образованието и за очекувањата на ВМРО-ДПМНЕ од локалните избори кои се најавени за годинава.

Целото интервју погледнете го во продолжение:

ЕУРО 2020

Македонија