недела, 9. август 2020. Вести денес: 88
home Вести

Мисајловски: Во Ѓорче Петров ја имавме најпозитивната кампања и овде ќе ја направиме најголемата разлика

Мисајловски: Во Ѓорче Петров ја имавме најпозитивната кампања и овде ќе ја направиме најголемата разлика

Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборната единица 2 денеска го посети Ѓорче Петров од каде што порача да се обединат сите и да ја донесат најголемата победа за обнова на Македонија.

-Јас го гледам победничко Ѓорче Петров и не само да го кажам како фраза туку се гордеам со ова што го направивме што го правите и што допрва да направиме. А тоа е да ја водиме државата а наскоро и да ја водиме општината. Со гордост можам да кажам дека ја имавме најдобрата најпозитивна кампања и најубавата кампања што било кој носител ја имал во Република Македонија. а за тоа сте заслужни сите вие-истакна Мисајловски

Мисајловски ги замоли присутните граѓани да ги посетат своите пријатели и да ги замолат да им ја дадат поддршката.

-Во среда се гласа а јас како и на митингот ќе ве замолам сите вас да разговарате со секој еден пријател со секој еден комшија сосед со секој што го познавате да го замолете да  ни ја даде довербата затоа што после 15 може да биде доцна. После 15 јули некој можеби сака да ја раздели Македонија после 15 можеби некој сака македонскиот јазик да не биде македонски јазик после 15 можеби некој сака Гоце Делчев да не биде македонец- нагласи Мисајловски

Мисајловски додаде дека во Ѓорче Петров е најдобрата општинска организација.

-Во Бутел кажав дека ќе имаме над 60 пратеници а сега мислам дека ќе имаме 63 пратеници да ви кажам од срце. Затоа ве замолувам уште еднаш да се обединиме во Ѓорче Петров. Ние сме првата порта и треба да останеме најсилната порта. Ова е најдобрата организација ова е најдобриот општински комитет во Македонија. Иако ги сакам и ги почитувам сите вие сте ми во срцето-кажа Мисајловски.

Носителот на изборната единица 2 Мисајловски ги повика присутните промените да започнат токму од нив и да ја донесат обновата на Македонија.

-Денеска слушнавте и каде завршувале парите од тие куферчиња оние црни тендери од рекети е тие пари сега ќе почнат да ги делат на некои сиромашни граѓани за еднократна помош и слично. Ве замолувам да го спречиме тоа да пријавиме слободно на општинскиот комитет на изборната комисија за да не ни ја земат победата. Ова не го кажувам случајно ова го кажувам за никој да не може да се доближи до најголемата разлика што ќе ја направиме овде во Ѓорче. Ја чувствувам енергијата се чувствува сплотеност. Сакајте ја Македонија сакај те го Ѓорче Петров затоа што ние сме македонци и треба да се бориме. Оваа битка е за да опстане Македонија, да опстане ВМРО-ДПМНЕ и да почне промената од тука. Нека почне промената во секој од вас за да дојде обновата на Македонија- заклучи Мисајловски.

Коронавирус