четврток, 6. август 2020. Вести денес: 7
home Вести

Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ нуди проекти, СДСМ зборува како да продадат нешто што е свето

Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ нуди проекти, СДСМ зборува како да продадат нешто што е свето

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, носител на листата на кандидати за пратеници на ИЕ 2 вечерва од скопски Бутел повика на 15 јули да се гласа и да стартува обновата на Македонија.

„Додека ВМРО-ДПМНЕ се залага за проекти, тие, од СДСМ зборуваат како да продадат нешто што е свето. Граѓаните нема да го дозволат тоа затоа да се сплотиме на 15 јули и сите заедно да дадеме глас за обнова на Македонија, да направиме историска победа“, рече Мисајловски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека партијата нема да ги заборави никогаш пензиониерите, нема да ги заборави младите.

„Младите сакаат да останат тука и ние и тоа им го ветуваме, велиме ќе бидете на пиедесталот.  Исто така ние нема да дозволиме насилство по улиците по безбедна средина за живеење. Ви ветувам дека Христијан Мицкоски нема да дозволи никој да биде граѓанин од втор ред. Додека ние зборуваме за 1000 километри патишта и како младите да останат, ги слушаме СДСМ како се дават во своите црнила“, кажа Мисајловски.

Според него „за да ги пратиме СДСМ и нивните црнила во историјата ни треба доверба за да останеме свои на своето“.

„Потребен е гласот на секој граѓанин. Оттука ја праќам пораката до сите – дајте ни поддршка и ние ќе бидеме со вас и се што ќе кажеме ќе реалзиараме, се обврзуваме на тоа. Гордо исправени ќе се бориме за секој од вас. Да му дадеме поддршка на Христијан Мицкоски овој човек кој е тука во најтешкото, човек што знае да се биде пријател со сите. Сега е моментот да го избереме за премиер затоа што ни е потребна обнова на Македонија. Исправи се Македонијо, доаѓаа убави времиња“, рече Мисајловски.

Коронавирус