сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 69
home Вести

Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ е спремно за избори кога и да се, датумот зависи од податоците кои што ќе ги изнесат здравствените власти на лидерската

Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ е спремно за избори кога и да се, датумот зависи од податоците кои што ќе ги изнесат здравствените власти на лидерската

Владо Мисајловски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва имаше вклучување во вестите на Канал 5 каде што посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвено за избори кога и да се закажат, но се зависи што ќе се одлучи на лидерската средба. Датумот на избори зависи од податоците кои што ќе ги соопштат здравствените власти.

-Најдобро е да видиме што ќе се договори на следната лидерска средба, да слушнеме и од здравствените власти што се ќе кажат и да ни ги кажат сите оние бројки моментално што во овие недели се случуваат односно колку има заразени, трендот на намалување или на зголемување, појасни Мисајловски.

Мисајловски додаде дека по тие податоци што ќе ги соопштат здравствените работници ќе може да се одреди датум за одржување на избори.

-Ние сакаме да има избори, но не по секоја цена, за да утре не можеме да имаме нормална кампања, а од друга страна многу нови заболени да има. Но ВМРО-ДПМНЕ е спремно за избори кога и да се, и ние очекуваме голема победа, нагласи Мисајловски.

Најнови вести

Коронавирус