среда, 2. декември 2020. Вести денес: 54
home Вести

Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ е подготвено за избори кога и да се случат, но приоритет е здравјето на граѓаните

Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ е подготвено за избори кога и да се случат, но приоритет е здравјето на граѓаните

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски утринава имаше вклучување во емисијата „Утрински брифинг“ каде потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ не бега од избори, подготвени се кога и да се одржат, но сепак приоритет е здравјето на граѓаните.

„Ние неколку пати за ова прашање сме разговарале во самата партија и се разбира и надвор со луѓе што се блиски до нас, но и со граѓаните дека моментално не може да има избори. Бидејќи едноставно со сите овие мерки, со сите овие ограничувања, здравјето на граѓаните е пред се. Нас не ни е приоритет ни оваа тема“, заклучи Мисајловски.

Мисајловски образложи дека за избори треба да одлучат здравствените работници, а сите ние како граѓани да ги почитуваме. Тој додека дека така дека мора и правните експерти да се вклучени во изнаѓање на решение за предвремените избори.

-Се наоѓаме во една деликатна ситуација, но сите мора да бидеме свесни дека моментално најважно е здравјето на граѓаните. Јас се надевам дека ова што побргу ќе стивне, оние сите ограничувања што се кон граѓаните и кризните ситуации да ги снема и да влеземе во едно нормално живеење. Политичка криза како постојано да ја има во Република Македонија и како да излеземе од сето ова. Прво и основно да се потрудиме сите мерки што се предлагаат и од државата и од самите здравствени власти да се почитуваат за што поскоро да го поминеме овој процес и потоа да се вратат оние регуларни тековни прашања. Сега се навлековме во правни прашања во една правна мрежа како од ова да излеземе похрабри како да продолжи политичкиот живот во Република Македонија, истакна Мисајловски.

Коронавирус