петок, 30. септември 2022. Вести денес: 37
home Вести

Мисајловски: Власта на СДСМ место да работи на нови проекти, сака само да ги критикува претходните министри

Мисајловски кажа дека се што е неуставно треба Уставниот суд да го поништи, а не да чекаат ВМРО-ДПМНЕ да реагира.
Мисајловски: Власта на СДСМ место да работи на нови проекти, сака само да ги критикува претходните министри

Во гостувањето во Алфаскоп денеска еден од новите потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, кажа дека на многу функционери и членови на СДСМ не им се допаѓа ова што го гледаат. Како што кажа Мисајловски и во таа партија има луѓе кои си ја сакаат својата држава.

-Ние како ВМРО-ДПМНЕ моментално во Собрание можеме да делуваме во наредниот период ако има конструктивност моментално од Владата. Можеме да правиме добри закони, да бидеме конструктивни, но се ова ако се случува каде е нашата конструктивност. Да биде “утепан“ македонскиот народ со вакви решенија, изјави Мисајловски.

Тој кажа дека ВМРО-ДПМНЕ е најголемата политичка партија и мора да ги брани интересите на своите гласачи, тој напомена дека оваа власт мора да падне, за да се прекине со продажбата на државноста.

-Слабо ВМРО, многу распарчено ВМРО, слаба Македонија за жал или за среќа тоа е така. Народот треба да го осети тоа. Ние навистина кога сме во партија, кога разговараме за овие теми, некогаш емотивно разговараме, иако во политиката нема емоција, изјави Мисајловски.

Мисајловски кажа дека се што е неуставно треба Уставниот суд да го поништи, а не да чекаат ВМРО-ДПМНЕ да реагира. Тој кажа дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на браникот на државата.

-Како тргнале, навистина не знам ниту каде ќе тера економијата, што се очекува. Знаете, они една мерка укинување на радиодифузна такса на еуфорија ја направија, а бензинот и дизелот отидоа до немај каде и на тој начин со таа акциза да ги платат трошоците. Тоа е лажење, вие излегувате и го лажете народот, изјави Мисајловски.

Тој кажа дека додека бил министер никогаш не бил нереален туку кога ги презентирал проектите ги презентирал оние кои само реално можеле да се остварат. Тој кажа дека нема досега од СДСМ никаков позитивен проект. Напомена дека СДСМ ветил многу проекти кои реално не може да се исполнат, дека со тоа ги излажале граѓаните.

Мисајловски кажа дека работите на автопатите продолжуваат но со забавено темпо, како што кажа тој добро е што се работи.

-Зошто бавно оди? Зошто бавно работат. Они сакаат да излезат и мене да ме критикуваат, поранешниот министер и тоа да биде тематиката на секое нивно излегување. Колку не чинело ВМРО, колку лошо работело. Јас сум работел од сабајле до вечер да ги решавам проблемите, јас кога сум излегувал на терен, кажував што ново ќе направиме. Јас можев да излезам и да кажам денеска имав проблеми со тој проект, денеска имав проблеми со тие луѓе на состанок и така, но тоа мене ми е работа, изјави Мисајловски.

Тој напомена дека имал проблеми, но со секојдневна работа тие проблеми ги решавал. Тој кажа дека сега ветуваат проекти на ВМРО-ДПМНЕ, но кажа дека тоа е добро, само нека се направи. Мисајловски напомена дека ветувањето на СДСМ за 600 километри автопат е лага, бидејќи тоа треба да се проектира прво, да се обезбеди средства.

-Јас имав еден концепт, за жал не стигнав, се надевам дека во иднина ќе имам можност. Спремивме еден нов проект за целосна реконструкција на сите регионални и магистрални патишта во Република Македонија и тоа не го најавивме ние во кампања, бидејќи немавме финансиска конструкција и немавме обезбедено средства не знаевме како да го направиме во тој момент, но не излеговме и не излажавме, изјави Мисајловски.

Коронавирус