петок, 20. мај 2022. Вести денес: 152
home Вести

Мисајловски: Ветуваа 18.000 денари минимална плата во јануари, еве дојде февруари

Мисајловски: Ветуваа 18.000 денари минимална плата во јануари, еве дојде февруари

Оваа влада ветуваше дека во јануари оваа година 18.000 денари минимална плата ќе биде реалност. Еве завршува месецот, а од ова ветување нема ништо, рече во емисијата „Заспиј ако можеш“ потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

-Гледаме дека министрите кои се задолжени за ова прашање бегаат од темата. И кога ќе видите дека ова прашање почнува да се дебатира они почнуваат со некој нивни балон да се смени темата. Платата колку и да биде фитивно тоа зголемување, најголемиот проблем е тоа што потрошувачката кошничка во Македонија е поскапена. Сите производи се со зголемени цени и природно е да се зголемува платата, бидејќи со таа плата не може целосно да се издржи. Јас сум за да се зголеми платата, но дали тоа може да го издржат и компаниите? Имате покачување на струјата, а владата не им помага на стопанствата, не помогна на ниту еден стопански субијект, истакна Мисајловски.

 

Најнови вести

Коронавирус