недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Мисајловски: Треба силна дипломатска офанзива, владата која доби доверба да ги штити македонските национални интереси

Мисајловски: Треба силна дипломатска офанзива, владата која доби доверба да ги штити македонските национални интереси

Во овој период треба силна дипломатска офанзива. Треба државата, власта, владата која впрочем доби доверба за да ги штити македонските национални интереси, тоа да го прави, а не како што сега гледаме, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање што треба да се направи во однос на спорот со Бугарија за Гоце Делчев и јазикот.

-Значи оваа власт наместо да се крие зад ваквите прашања треба да излезе и да го каже ова јавно, дали Гоце Делчев е Македонец, дали македонскиот јазик е македонски јазик. За нас за ова нема дилема. Но, прашањето ви е добро. Затоа не само опозицијата, не само власта, туку сите политички парии треба да се сплотиме за овие национални интереси, да изградиме национален став и затоа е потребно лидерска средба. Ако ние сме сложни во државата, ќе бидеме сложни на секаде за вакви прашања, и тоа е прво и основно што треба да го направи оваа власт, а не само да се препукува со опозицијата бидејќи знаете има прашања кои се многу поважни од политика, а тоа е идентитетот на Македонецот и се разбира идентитетот на оваа држава, посочи Мисајловски.

Во однос на се поизвесното вето на Бугарија за Македонија за почеток на преговорите со ЕУ и следните чекори на земјава, Мисајловски вели дека треба да се почека што ќе се случи, но шансата на оваа власт е сега да се сплоти со сите политички партии и да пружи рака за вакви прашања.

-Не да се пазари. Не повторно да се прави трговија со Гоце Делчев, со Македонците, со револуционерите, со македонскиот јазик итн. Впрочем, македонскиот јазик никогаш не треба да биде ставен во ниту една равенка за преговори, ниту пак сите револуционери. Затоа пак ќе повторам, дипломатска офанзива за она што е македонско, за она што значи да се биде македонска нација. Имаат шанса владата тоа да го направи, но гледаме веќе подолго време не излегуваат на ниту еден прес да кажат, ниту пак нешто да направат. Затоа нека се освестат, ова не се нивни лични работи, сепак се работи за државата, додава потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести

Коронавирус