недела, 26. мај 2019. Вести денес: 67
home Вести

Мисајловски: Со вакви избори и излезност, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира новата Влада на Република Македонија

Мисајловски: Со вакви избори и излезност, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира новата Влада на Република Македонија

Ако имаме вакви избори, со ваква излезност, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира новата Влада на Република Македонија, порача Владо Мисајловски во своето гостување на телевизија Алфа.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека на предвремените парламентарни избори, очекуваат уште повеќе гласови и уште поголема победа.

-Со овие симулации, ние имаме околу 53 пратенички места, а СДСМ би освоиле од 40 до 43 пратеника, истакна тој.

Мисајловски анализира дека доколку Беса и Алијанса на Албанците формираат коалиција, би освоиле 12-13 мандати.

-СДСМ јако тоне, а ВМРО-ДПМНЕ се качува нагоре, заклучи Мисајловски според анализите во ВМРО-ДПМНЕ.