сабота, 15. август 2020. Вести денес: 53
home Вести

Мисајловски се сретна со дуќанџиите и занаетчиите од Ѓорче Петров: Потребни се најразлични модели на стимулација на малите и средните бизниси

Мисајловски се сретна со дуќанџиите и занаетчиите од Ѓорче Петров: Потребни се најразлични модели на стимулација на малите и средните бизниси

По средбата со просветните работници, остварив средба со дуќанџиите и занаетчиите од Ѓорче Петров. Заедно со кандидатот за пратеник во ИЕ2 Бојан Стојаноски ги посетивме овие луѓе, кои велат дека економската криза во државата влијаела многу врз нивната работа. Овие чесни и работливи луѓе кои заработуваат од својот занает, заслужуваат голема почит и помош. За заживување на економијата во државата, потребни се најразлични модели на стимулација на малите и средните бизниси. Македонската економија мора да биде силна, за да има повеќе работа и повеќе нови работни места во приватниот сектор. Поради тоа, ВМРО-ДПМНЕ во својата изборна програма има низа проекти и мерки за приватниот сектор, преку кои ќе се помогне македонската економија. Македонската економија е еден од приоритетите на ВМРО-ДПМНЕ, пишува на Фејсбук носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 2 Владо Мисајловски.

Силна економија за силна држава! Обновата доаѓа!, пишува Мисајловски во својата објава.

Коронавирус