среда, 12. август 2020. Вести денес: 182
home Вести

Мисајловски: Се подготвуваат нови сценарија за Македонија, а одговорот следи токму од вас

Мисајловски: Се подготвуваат нови сценарија за Македонија, а одговорот следи токму од вас

Се подготвуваат нови сценарија за Македонија, а одговорот следи токму од вас, рече на денешната средба со граѓаните од Ѓорче Петров носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 2, Владо Мисајловски.

-Сакаа да ме заплашат, да престанам да водам кампања и бидам тоа што сум. Со гордост можам да кажам дека ја имавме најдобрата, најпозитивната и најубавата кампања што било кој носител ја имал во Република Македонија, рече Мисајловски.

-Во среда се гласа, јас ќе ве замолам сите вас, да разговарате со секој еден пријател, со секој еден комшија, сосед, со секој еден што го познавате да ни ја даде довербата. Зошто после 15-ти може да биде доцна. После 15-ти некој може да побара да ја раздели Македонија, после 15-ти некој ќе сака македонскиот јазик да не биди македонски јазик, после 15-ти некој ќе сака Гоце Делчев или Ѓорче петров да не биде Македонец. Јас ова не го зборувам паушално, колку да го кажам за некој плус глас. Видовте што се случуваше изминатите три години, видовте дека постојат политичари дека за пусти пари ќе продадат се, истакна Мисајловски.

Целиот говор на Мисајловски, носител на листата на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ2 можете да го погледнете во продолжение:

Коронавирус