петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 158
home Вести

Мисајловски: Се чувствува дека се променува власта, доаѓа нова енергија!

Мисајловски: Се чувствува дека се променува власта, доаѓа нова енергија!

Слушнавме дека првиот човек на државата сака да си замине од Република Македонија. Но, не може да дава прв човек таква изјава. Дали тој ги мотивира луѓето да се иселат, дали ги мотивира или ја гледа очајната политика што ја води оваа власт? Вториот човек на државата или по хиерархија трет, премиерот на државата вели дека психички е растроен или слично. Јас се прашувам дали сега сите луѓе во Република Македонија или особено младите би сакал да останат, кога ги гледаат изјавите на овие луѓе и тоа што прават?

Ова го порача потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, во денешното обраќање на настан организиран од страна на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ одржан во Велес.

-Која е оваа порака што ја праќаат на сите граѓани? Гледаме корумпирано судство, гледаме во ниеден ресор каде што нема реформи , гледаме дека ветуваат 300 работи но, ништо е исполнето. Ветуваа 100.000 денари за докторите, 500 км автопатишта, пред некој ден слушнавме не можеле да ги завршат сега, во наредните 10 години. Но и во овие три години воопшто не почнале ниту со проектирање на било каков проект. Да ве потсетам, Клиничкиот  центар ветија дека ќе го почнат во декември, најверојатно утре ќе почнат пак „мало сутра“ најверојатно. Таква е оваа влада. Ни ветија зголемување на платите во секој ресор, но, тоа не се случи, и што прават сега. Со популизам  сакаат во буџетот да ставаат дополнителни средства како ќе го зајакнуваат човечкиот потенцијал и капацитет. Но, тоа не е вистина, тоа е едно подмитување на граѓаните пред избори. Тоа сите добро го знаат. Затоа ние треба да ги разобличиме насекаде и ова да го кажеме. Вие кога знаете дека ќе си заминете од премиерската функција веднаш да ви текне дека немате ниту една добра политика спрема народот, да почнете да ветувате зголемени плати, зголемени пензии итн. Дури јас се плашам дека овие луѓе на власт веруваат во овие лаги што ги кажуваат, до тој степен отиде работата што излегуваат на телевизија и кажуваат што се имаат направено и лажат, не мамат сите нас, но на крајот веруваат и сега гледам почнуваат да одат на терен и повторно како и пред 3 години на парламентарните избори каде што ветуваат еден работи што не можат да ги исполнат, сега сакаат повторно сакаат со ниски страсти да ги кажат дека навистина тоа е изградено, направено. Ви текнува кога една министерка за инвестиција ја прашаа да наброи неколку странски инвестиции, се налути бидејќи и поставуваат такво прашање, бидејќи не знае. Но, сега викаат рекордни инвестиции, но не е така. Но, тоа ние треба да го сработиме сега на терен, да појдеме до граѓаните, да им го објасниме сето ова бидејќи може да приметите дека  и најголем дел на медиумите за жал оваа власт повеќе ја рекламираат, баш буквално така да кажам. Но, ние сме храбра партија, сме поминале многу работи, се чувствува сега, се чувствува дека се променува власта, се чувствува секаде. Доаѓа нова енергија и јас би сакал сите да му ја дадеме на Христијан Мицкоски зашто навистина вреди, и јас сум потпреседател на партија и ќе останам до крај со него, но вреди, вреди шансата да почнеме да ја правиме обновата за Македонија. Човекот остана чесен и честит цело време. Ајде сите заедно УЖ, УМС, сите граѓани  ајде да ги повикаме, ајде да направиме резултат каде што потоа никој не ќе може да прави никакви математики, затоа ни треба многу голема победа, затоа мораме да сработиме, порача Мисајловски.

Коронавирус