вторник, 7. јули 2020. Вести денес: 117
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

Мисајловски: СДСМ ветуваа дека ќе изградат 500 километри автопатишта, а нема ниту еден од нив

Мисајловски: СДСМ ветуваа дека ќе изградат 500 километри автопатишта, а нема ниту еден од нив

Во вестите на Сител Телевизија гостуваше потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Владо Мисајловски. Тој кажа дека СДСМ немаат ниту еден проект реализирано и дека ветувањата за изградба на 500 километри автопатишта се една голема лага.

– Проектите се од ВМРО ДПМНЕ, они немаат ниту еден проект, гледате како ветуваа дека ќе изградат 500 километри автопатишта а нема ниту еден од нив. Веќе после три години кажаа дека ќе го градат Скопје – Блаце односно ќе започне со првите два километри иако тој е од програмата на ВМРО ДПМНЕ ни тоа не го завршија истакна Мисајловски.

Мисајловски појасни дека владата ветувала дека брзо ќе почне со изградба на многу автопати но дека тоа не е случај и не само што не се изградени туку дека нема ниту проектирање за нов автопат .

– Ветуваа дека брзо ќе почнат со многу автопати, нема ниту еден , нема ниту проектирање за нов автопат, дополни Мисајловски.

Парламентарни избори 2020