петок, 3. јули 2020. Вести денес: 255
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Што мисли Заев за Црвенковски и колку е Заев богат?

home Вести

Мисајловски: СДСМ се во паника дека немаат потребен број на гласови за законот за јавно обвнителство

Мисајловски: СДСМ се во паника дека немаат потребен број на гласови за законот за јавно обвнителство

Она што беше договорено неодамна на една лидерска средба и на таа ВМРО-ДПМНЕ прифати да има избори на 12 април. СДСМ сега купува време за овој закон за јавно обвинителство зошто тој ќе ја зајакне нивната позиција. Со ова тие ќе имаат нова алатка за изнудување нови коалиции, не само што се спасуваат одредени личности, туку и се заштитува една институција СЈО која видовме како заврши, рече Владо Мисајловски, потрпретседтеал на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за емисјата 360 степени на телевизија Алсат.

Според него целата ситуација со законот за јавно обвинитеслтво кажува дека се рботи за партиски интерес и политиканство.

-Ова е трагедија, пародија како да се соберат пратеници и да се стигне до две третини. Паниката е дека немаат потребен број на пратеници и може да се слушне дека им се нудат на други дека ќе им се прифатат некои закони. Не дека партиите бараат, туку СДСМ нуди, посочи Мисајловски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека ако се мисли дека партијата и пратениците кочат процес со тоа што бараат збор во Собрание да кажат мислење, тоа апсолутно не е точно.

-Најважно е да се распушти Собранието во недела, ако не е така ќе падне и легитимитетот на Стево Пендаровски. Од друга страна сакаат да избегаат од избори поради законот за јавно обвинителство. Зошто СДСМ се толку партиски засегнати, па нели добри закони се прават за граѓаните, рече Мисајловски. Тој посочи дека е факт дека меѓународната заедница сака закони, но квалитетни не брзоплети.

Парламентарни избори 2020