петок, 30. јули 2021. Вести денес: 99
home Вести

Мисајловски: Сакав да чујам кои се тие 230 километри изграден автопат, но Лукаревска и Адеми останаа неми на тоа прашање

Мисајловски: Сакав да чујам кои се тие 230 километри изграден автопат, но Лукаревска и Адеми останаа неми на тоа прашање

Во денешното издание на дебатната емисија на “Телевизија 24” гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носителот на ИЕ2 на претстојните парламентарни избори, Владо Мисајловски.
Мисајловски говореше за предизборната кампања, процесот на спроведување на изборите, како и за очекувањата од изборните резултати.

Мисајловски ги праша Лукаревска и Адеми каде се 230 километри изградени автопатишта, поради тоа што изборната кампања се темели на такви тврдења според СДСМ. Но, Лукаревска и Адеми го избегнаа тоа прашање. Дали кампањата на СДСМ се заснова на лажни тврдења и измислени проекти?

“Ве молам наведете ми каде се изградени тие 230 километри автопат? Одговорете ми обајцата, бидејќи и едниот и другиот сте во владата. Нема такво нешто, затоа молчите. Такво нешто не постои и затоа не го залажувајте народот. Ништо од тоа не е ниту започнато, ниту изградено”, вели Мисајловски.

СДСМ е синоним за неработење, неисполнување на ветувањата, лажење и криминал. Реализирање и проектирање на инфраструктурни проекти се препознатливо за ВМРО-ДПМНЕ, како што тоа беше случај во годините кога ВМРО-ДПМНЕ беше на чело на владата, заврши Мисајловски.

Коронавирус