среда, 4. август 2021. Вести денес: 31
home Вести

Мисајловски: Пробуваат да ме запрат и заплашат, а јас им порачувам дека ќе се борам до крај и сите заедно ќе ја исправиме Република Македонија повторно да биде горда и достоинствена

Мисајловски: Пробуваат да ме запрат и заплашат, а јас им порачувам дека ќе се борам до крај и сите заедно ќе ја исправиме Република Македонија повторно да биде горда и достоинствена

Во денешното издание на дебатната емисија на “Телевизија 24” гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носителот на ИЕ2 на претстојните парламентарни избори, Владо Мисајловски.

Мисајловски говореше за предизборната кампања, процесот на спроведување на изборите, како и за очекувањата од изборните резултати.

Мисајловски потенцираше дека ќе води позитивна кампања и дека нема да се користи со подметнувања и нечесни игри. Според него оној немил настан кој се случи во неговиот дом во 2017 и оној од пред неколку дена во семејната продавница се со политички мотив. Мисајловски вели дека ниту тој, ниту неговото семејство никогаш немале непријатели, напротив биле фамилија за пример во околината.

“Она што ми се случи е политички напад. Сакам МВР да го истражи тој случај и да се дознае вистината и за 2017 година и за овој од пред неколку дена. Мене тоа нема да ме заплаши, напротив ме мотивира. Но, сметам дека ваквите напади каде што постои можност за загрозување на нечиј живот се навистина грозоморни и примитивни”, вели Мисајловски.

СДСМ пред неколку месеци ослободи голем број на затвореници, кои ги користи во кампањите со цел заплашување на народот. Тие луѓе се раководени од одредени структури во СДСМ и секаде делуваат со однапред одредена цел. Тоа не смее да се случува, бидејќи секојдневно сме сведоци на немили настани во државата, а ваквиот потег со ослободување на затворениците само придонесува за зголемување на ризикот, заврши Мисајловски.

Коронавирус