четврток, 6. август 2020. Вести денес: 178
home Вести

Мисајловски: Празни ветувања, лаги и манипулации, тоа е се што СДСМ направило општо низ целата држава

Мисајловски: Празни ветувања, лаги и манипулации, тоа е се што СДСМ направило општо низ целата држава

Осмиот ден од предизборната кампања го завршувам со средба со граѓани од населените места Ајдучка Чешма и Вера Которка, Куманово. Заедно со кандидатите за пратеници во ИЕ2 Бране Петрушевски, Кети Димковска и Тихомир Алексовски ги посетивме жителите од овие населени места и поразговаравме за актуелните случувања.

Воедно, денешните разговори ми ги сумираа лошите впечатоци за катастрофалното владеење на СДСМ и тоталната незаинтересираност изминативе речиси четири години. Празни ветувања, лаги и манипулации. Тоа е се што СДСМ направило општо низ целата држава.

Народот сака просперитет, шанса за подобар живот и слободна држава. Затоа на 15-ти јули граѓаните ќе го поддржат ВМРО-ДПМНЕ и ќе ја донесат Обновата на Македонија!🇲🇰

#ИсправиСеМакедонијо #Заокружи14

Коронавирус