вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 159
home Вести

Мисајловски: Под палка на СДСМ, Македонија стана земја на рекет, криминал и дрога

Мисајловски: Под палка на СДСМ, Македонија стана земја на рекет, криминал и дрога

Во вечерашното издание на дебатната емисија “Што не е јасно?” на ТВ Алфа гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски кој зборуваше за моменталната политичка ситуација во државата, нестабилното парламентарно мнозинство, како и за криминалните афери изминатите неколку денови.

Мисајловски потенцираше дека Република Македонија е предводена од најкриминалната власт која што нема ниту срам, ниту пак ја интересира што мислат граѓаните за нејзината работа. Тој додава дека наместо државата да се пофали и да се гордее со државни успеси, нашата земја се фали со издавање пасоши на најголемите криминалци од целиот свет. Реалноста е дека државата ја водат мафијаши, криминалци и рекетари, вели Мисајловски.

Република Македонија во изминатите неколку години е рекордер по бројот на скандали и криминални афери. Скандалите не се случуваат на неколку месеци, па нешто да се подзаборави, туку буквално секој ден. Секој ден – нов скандал. Во рок од две до три години сведочевме на десетина големи криминални афери, за кои никој ниту одговараше, ниту пак некој од власта ги спомнува. Еве, пред десетина дена дознавме и дека криминалци и убијци од целиот свет, добивале македонски пасоши и престојувале во државата без никој да им направи проблем. На тоа ниво е македонската безбедност, вели Мисајловски.

“На изминатите парламентарни избори, моменталната власт имаше околу 12.000 гласови повеќе од ВМРО-ДПМНЕ. Јасно беше и тогаш дека постојат уцени, закани и поткуп, за што имавме прилика сите да видиме преку фотографии и видеа. Но, сега гледаме како биле издадени документи со над 20.000 двојни матични броеви. Дали СДСМ ги користеле за изминатите избори и дали некои луѓе гласале по два пати, треба да истражи ОЈО”, додава Мисајловски.

Жално е и трагично што државата спадна на тоа ниво, странски безбедносни структури да апсат припадници на МВР поради криминал, да запленуваат огромни количини на дрога кои биле шверцувани од високи функционери и уште многу случаи кои го нарушуваат угледот на државата. За сето ова ќе мора да има одговорност, бидејќи ова не е срам само за Зоран Заев и неговите соработници од власта, туку ова е срам за целата нација, објасни Мисајловски.

Коронавирус