петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 158
home Вести

Мисајловски: Оваа обнова сите ние мора да ја спроведеме, тие лаги мора да ги победиме

Мисајловски: Оваа обнова сите ние мора да ја спроведеме, тие лаги мора да ги победиме

Колку убав народ, секогаш е тешко да се говори после професорката, но, јас би ве замолил сите вас прво да го поздравиме нема да речам претседател, туку новиот премиер на Република Македонија, господинот Христијан Мицкоски. Уште еден аплауз за сите овие прекрасни луѓе што ќе ја донесат обновата во Македонија, се надевам дека многу скоро ќе ги фрлиме сите оделата и ќе се посветиме на многу работа. Затоа уште еднаш благодарам на раководството, благодарам што сум носител на Изборната единица 2 и навистина чувствувам реванш кон СДСМ и сите оние коишто беа против нас, овие денови и тоа да го направиме овие месеци, а јас ве убедувам дека во Изборната единица 2 ќе се бориме Наташа што е деветнаесетта на листата да влезе и тоа тука го ветуваме пред сите вас. Ќе се бориме до крај, изјави вечерва на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ нејзиниот потпретседател Владо Мисајловски кој додаде:

„Професорката Сиљановска кажа една убава работа вели мислела дека ќе остане, зборам за Носителот на Изборната едница 1, дали да се откаже од политиката, ја велам секој што има чисто срце и добра душа, кога ќе влезе во ВМРО-ДПМНЕ никогаш повторно нема да си замине, затоа ви благодарам што сте со нас.“

-Има една чудна појава што сите ние треба да ја совладаме, сите знаете дека тоа е Заевизмот. Сите може да го препознаете тој Заевизам, обично се пренесува со лага од човек на човек или лага во толпа. А за да ги видите симптомите тоа е едноставно, раката на гради и главата надоле. Затоа тие лаги мора ние да ги победиме, затоа слушнав сега во најавата колку нови проекти ќе има во Македонија. Тоа значи обврска за сите нас, тоа значи обнова којашто сите ние треба да ја спроведеме. Затоа ве замолувам сите, да ве поздравам и сите оние коишто не сте на листите, сите што работите секој ден за ВМРО-ДПМНЕ, а се разбира и Коалицијата за Обнова на Македонија, сите да излеземе на терен да ги посетиме граѓаните, да им се извиниме ако нешто сме погрешиле во минатото, но она што ќе го ветиме, да го исполниме, потенцираше Мисајловски и подвлече:

„Има навистина многу работа на терен, јас во мојата Изборна единица ќе имам тешка борба, ќе имам борба со технички премиер, зборам за политичката борба со техничката министерка за внатрешни работи, директорката на УЈП, раководител на УЈП, целиот систем на прогон влегува во Втората Изборна единица. Но, јас ги имам овие луѓе тука и сите на купче ќе ве победиме, да знаете. Да сте ми живи и здрави, да живее Македонија и да живее ВМРО-ДПМНЕ.“

Коронавирус