недела, 19. јануари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Мисајловски: Ова црнило ќе замине, ќе дојде новата зора за Република Македонија

Мисајловски: Ова црнило ќе замине, ќе дојде новата зора за Република Македонија

Мора да признаеме дека е најтешкото време во Република Македонија, со големи национални предавства, со големи тензии, со еден класичен политички прогон кој е постојано врз нас и тоа постојано ВМРО-ДПМНЕ на свој грб го носи. ВМРО-ДПМНЕ постојано се бори. ВМРО-ДПМНЕ е против Преспанскиот договор. ВМРО-ДПМНЕ е против сите штетни политики што се случуваат во Република Македонија и на ова раководство му требаше да земе нова енергија, нов бран и целосно да се реконструира да се оформи и да види што погрешило во минатото, со кои концепти да одиме напред, но и се она што е добро да го задриме од претходно.

Ова го изјави Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за емисија Отворено на ТВ Алфа.

Мисајлоски се надева дека во наредниот период ВМРО-ДПМНЕ ќе има подобри моменти, како што рече тој следуваат претседателски избори, додавајќи дека се надева на поддршка од страна на граѓаните и победа.

-Дефинитивно ВМРО-ДПМНЕ е најголемата сила во Република Македонија и граѓаните ќе го познаат тоа, наспроти она црнило кое се случува. ВМРО-ДПМНЕ ќе има нови политики, ќе имаме нова програма, ќе понудиме концепт и се разбира ќе биде целосно проевроспко и прозападно и ќе биде еден убав симбол и еден сигнал за новата зора што ќе дојде во Република Македонија, потенцираше тој.