понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 192
home Вести

Мисајловски: Одбивањето на оставки од Владата за трагичниот случај во Тетово значи дека немаат морал и дека не чуствуваат одговорност, оставки мора да има за објективна истрага

Мисајловски: Одбивањето на оставки од Владата за трагичниот случај во Тетово значи дека немаат морал и дека не чуствуваат одговорност, оставки мора да има за објективна истрага

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно побараа одговорност од власта за немилиот настан што се случи во Тетово при што својот живот го загубија 14 лица. Потпретседателот на партијата Владо Мисајловски на денешната прес-конференција постави низа прашања на кои треба да се огласат од власта. Тој потсети дека оставката секогаш билa и ќе биде чин на одговорност.

-Одбивањето на оставки во владата после еден таков трагичен настан како во Тетово само значи две работи: Оваа влада нема морал, и оваа влада не чувствува одговорност. ВМРО-ДПМНЕ не бара одговорност од владата поради политичка малициозност или затоа што има лични мотиви против Заев или Венко Филипче туку поради тоа што се неспособни, но и поради објективна истрага која мора да ја има. Тоа што премиерот Заев го штити министерот Филипче значи дека и Заев треба да си поднесе оставка поради негово активно учество во несмасниот обид да се одговорат прашањата кои ја мачат целата јавност, потенцираше Мисајловски.

Мисајловски постави 12 прашања до власта предводена од СДСМ и Зоран Заев:

1. Кој е виновен што сме земја со највисока смртност во Европа од КОВИД?

2.Кој е виновен што нема нови протоколи за лечење од КОВИД?

3.Кој е виновен што нема персонал во болниците, и роднини одат да се грижат за пациентите?

4.Кој е виновен што немаше вакцини и сеуште не оди добро процесот на вакцинација?

5.Кој е виновен што народот нема доверба во системот и во вакцинирањето?

6.Кој е виновен што немало технички прием на модуларната во Тетово?

7.Кој е виновен што немало ПП апарати?

8.Кој е виновен што е направена со ПУР пена и никој не водел сметка дали истата е запалива?

9.Кој е виновен што не се дозна кој ги исекол цевките за довод на кислород во модуларната болница во Тетово на почетокот?

10.Кој е виновен што се плаќало по 1000 денари од роднини на пациенти на сестри, доктори болничари да водат грижа за пациентите, и дали е тоа нормално?

11.Кој е виновен што дополнително надвор од тендерска постапка се поврзувале кислородните цевки?

12.Дали е нормално ова што се случува и ова што го правите?

Најнови вести

Локални избори 2021