сабота, 15. август 2020. Вести денес: 0
home Вести

Мисајловски од Виниче: Секој граѓанин заслужува достоинствен живот и ние ќе го овозможиме тоа

Мисајловски од Виниче: Секој граѓанин заслужува достоинствен живот и ние ќе го овозможиме тоа

Се сретнавме и поразговаравме и со жителите на с. Виниче, Скопска Црна Гора. Заедно со кандидатите за пратеници во ИЕ2 Жаклина Пешевска, Зоран Коцевски, Дијана Илиевска и Игор Атанасовски дојдовме во Виниче за да ги прашаме жителите како живеат откако СДСМ управува со државата и дали сметаат дека доаѓаат подобри денови.

Велат дека СДСМ заборавило на Виниче и на нив. Ниту еден проект не е ниту започнат, ниту реализиран. Селото е запоставено. Поради тоа им ја претставивме изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ за наредните четири години и се обврзавме дека секој проект кој се однесува на овој дел од ИЕ2 ќе биде реализиран.

Секој граѓанин заслужува достоинствен живот и ние ќе го овозможиме тоа.

Виниче недвосмислено одбира Обнова на Македонија!

#ОдбериОбнова #Заокружи14

Коронавирус