петок, 22. март 2019. Вести денес: 110
home Вести

Мисајловски: Од рубриката црни лаги на оваа власт се уште чекаме на проектите што немаат абер ниту да се спомнат, а камоли да се започнат

Мисајловски: Од рубриката црни лаги на оваа власт се уште чекаме на проектите што немаат абер ниту да се спомнат, а камоли да се започнат

Од рубриката црни лаги на оваа власт се уште чекаме на проектите што немаат абер ниту да се спомнат, а не камоли да се започнат, пишува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски на својот Фејсбук профил.

*Македонија мегалополис – инфраструктурно поврзување меѓу најголемите центри за не повеќе од 90 минути…..

*Владата ќе изгради 600 километри автопатишта….

* 550 километри магистрални и регионални патишта….

* 1000 километри локални патишта….

Многу празни и лажни ветувања пред да дојдат на власт но и додека се на власт, со вакви лаги економијата сеуште ќе биде на дното во регионот. Од друга страна исто така нема абер од започнување на градба на нов клинички центар, на ветената градба на училиштето во Тетово или накратко кажано имаме црна дупка во инфраструктурата и економијата за жал, додава Мисајловски.