вторник, 4. август 2020. Вести денес: 99
home Вести

Мисајловски од Маџари: СДСМ ветувале многу проекти, а ништо не реализирале

Мисајловски од Маџари: СДСМ ветувале многу проекти, а ништо не реализирале

Ги посетив и жителите на населеното место Маџари, општина Гази Баба. Заедно со кандидатите за пратеници во ИЕ2 Жаклина Пешевска, Зоран Коцевски, Дијана Иливска и Игор Атанасовски поразговаравме со населението. Велат дека речиси четири години во Маџари единствено е оставен чемер и јад, вели носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ2 Владо Мисајловски.

Иако СДСМ ветувале бројни проекти, сепак буквално ништо не е реализирано. Населението се соочува со бројни инфраструктурни проблеми, кои им го отежнуваат секојдневното функционирање. Велат дека обновата е повеќе од неопходна во овој дел на градот и посакуваат таа да се случи што е можно поскоро. Се согласивме дека во Маџари мора да се работи многу и да се измени ликот на населбата. Граѓаните да бидат задоволни.

Се обврзавме дека во наредниот период кој претстои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги реализира сите ветени проекти во однос на ова населено место, со што практично ќе се олесни секојдневното живеење на жителите на Маџари. Добивме неизмерна поддршка и мотив за голема победа!

Обновата доаѓа насекаде!, пишува Мисајловски во својата објава.

Коронавирус