среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 128
home Вести

Мисајловски: Очигледно е дека власта бега од соочување со народот, тоа ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи

Мисајловски: Очигледно е дека власта бега од соочување со народот, тоа ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи

„Ајде да зборуваме за изборите во Штип. Што ќе се случи самиот ден на гласање за оние луѓе кои што ќе бидат на избирачкото место. Треба да има околу седум луѓе од различни партии, еве на пет да ги намалам пак условот не се исполнува, се крши мерката на Филипче. А, знаете ли колку луѓе треба да влезат на едно избирачко место за да гласаат? Повторно нов протокол или слично ќе се изготвува? Во тој период некои експерти најавуваат и можна поголема бројка на заразени од КОВИД-19. А, власта носи мерка каде што не смеете да одите на слави, не смеат граѓаните да се собираат, не треба граѓаните да се групираат повеќе од тројца, згора на сето тоа власта бара избори во Штип“, истакна Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ вечерва при гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија.

Мисајловски додаде дека има доста интересна изјава од кандидатот за градоначалник за Штип од СДСМ каде што вели дека тој како доктор ниту прима гости, ниту пак сака некој да му дојде. А, тој човек е сега кандидат за градоначалник и треба да оди на избори.

„Не може да се споредуваме со Америка, реално каков здравствен систем тие имаат, а каков Македонија. А еве Штип вака има доста заболени и е доста сериозна ситуацијата таму. Е сега кога власта треба да се фокусира на здравството во овој момент некој сака да прави политички поени со некои избори. А, и нивните членови и нивните луѓе од партијата, и дел од пратениците во Собранието навистина велат дека не треба избори да има“, појасни Мисајловски.

Мисајловски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ако оди на избори сака и да е меѓу народот, да оди по терен да ги сослушува проблемите на граѓаните и да помага.

-Избори не се прават без терен и без сосолушување на граѓаните. Онлајн кампањи не е сериозна работа, единствено така власта бега од соочување од народот. ВМРО-ДПМНЕ не се откажа од Штип. Ние само побаравме само да се одложат изборите до оној момент кога здравствената комисија ќе каже да ова е еден момент каде што може да има нормални, фер услови, појасни Мисајловски.

Коронавирус