вторник, 11. август 2020. Вести денес: 56
home Вести

Мисајловски: Образованието ќе биде приоритет за ВМРО-ДПМНЕ

Мисајловски: Образованието ќе биде приоритет за ВМРО-ДПМНЕ

Денеска заедно со кандидатите за пратеници во ИЕ2 Жаклина Пешевска, Зоран Коцевски, Дијана Илиевска и Игор Атанасовски остваривме средба со просветните работници од ВМРО-ДПМНЕ ОК Гази Баба.

Овие луѓе велат дека нивната професија била директно на удар поради негирањето на македонскиот јазик и задирањето во идентитетот. По доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, се надеваат на подобри времиња, поголеми плати и подобри услови за работа. Тие се луѓето врз кои се темели образовниот процес и во нив мора да се инвестира.

Образованието е еден од постулатите на секое развиено општество и ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на низа инвестиции и проекти во однос на образовните капацитети во државата.

Обновата доаѓа! Исправи се Македонијо!

#ОбноватаПобедува #Заокружи14

Коронавирус