вторник, 7. јули 2020. Вести денес: 173
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

Мисајловски: Новата влада на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде најголем сојузник на младите

Мисајловски: Новата влада на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде најголем сојузник на младите

Несомнено омилено место во мојот досегашен политички активизам има Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Таму се моите почетоци во политиката и таму ми е срцето. ВМРО ДПМНЕ секогаш се стремело да создава политики, проекти и мерки кои ќе им го олеснат животот на младите.
По тоа се препознава ВМРО-ДПМНЕ, партија која секогаш им давала шанса на младите за подобар живот и повеќе шанси за успех во животот.
Наша генерална политика е да се обезбеди еднаков старт за сите млади во трката на животот и што е можно подобро услови.
И во иднина ќе продолжиме во тој правец, новата влада на Република Македонија предводена од ВМРО – ДПМНЕ ќе биде најголем сојузник на младите во нашата држава. 🇲🇰, напиша на својот Фејсбук профил потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.

 

Парламентарни избори 2020