понеделник, 17. мај 2021. Вести денес: 154
home Вести

Мисајловски: Носењето заболени пратеници во Собранието е одраз на страв и паника во редовите на СДСМ

Мисајловски: Носењето заболени пратеници во Собранието е одраз на страв и паника во редовите на СДСМ

Во вечерашното издание на дебатната емисија “Што не е јасно?” на ТВ Алфа гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски кој зборуваше за моменталната политичка ситуација во државата, нестабилното парламентарно мнозинство, како и за ненабавката на вакцини против Ковид-19 вирусот.

Мисајловски посочи дека Република Македонија моментално ја води можеби најнеспособната Влада во историјата на државата. Според него, граѓаните имаат потполно право што на анкетите одговарале дека во државата има политичка криза и дека оваа власт нема легитимитет да ја води државата.

“Вчера во Собранието сведочевме на нешто што никако не смееше да се случи. Замислете, пратеничка на СДСМ и пратеник на ДОМ дојдоа заболени од Ковид-19 и директно ги ставија на ризик животите на пратениците и нивните семејства. Додека граѓаните седат затворени дома и избегнуваат контакт со луѓе дури и иако се здрави, пратениците на СДСМ и коалицијата сметаат дека се над законот и вчера направија преседан”, вели Мисајловски.

Она што вчера го направи СДСМ е одраз на страв и паника, поради тоа што секојдневно граѓаните го истураат на социјалните мрежи гневот кој го чувствуваат поради лошото владеење и драмолетките кои СДСМ ги приредува во Собранието и општо низ целата држава, вели Мисајловски.

Република Македонија е опколена и заробена од луѓе кои што се решени да ја урнисаат земјата и да гледаат само за својот џеб, додека граѓаните едвај преживуваат, а голем број на мали и и средни бизниси веќе пропаднаа. Доказ за тоа дека не ги интересираат граѓаните и нивните проблеми, е вчерашната седница каде што повторно направија драма како и пред неколку дена, иако ВМРО-ДПМНЕ беше тука за изгласување на помошта за граѓаните. Но, на СДСМ не им беа важни граѓаните, туку останатите точки на дневен ред кои ним би им ја завршиле партиската работа, заврши Мисајловски.

Коронавирус